ЗА НАС

Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти “Мито Хаџивасилев Јасмин” Кавадарци е основано на 20.12.1994 година од страна на Советот на Општина Кавадарци.
Директор Горан Чулев

ЗА НАС

Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти “Мито Хаџивасилев Јасмин” Кавадарци е основано на 20.12.1994 година од страна на Советот на Општина Кавадарци. Има својство на правно лице со права, обврски и одговорности утврдени со Закон, Статут на JП и другите општи акти. Претпријатието стопанисува со спортска сала “Јасмин”, спортска сала “Партизан” и “Градски базен” Кавадарци со Одлука за давање на трајно користење и стопанисување без надомест, недвижни ствари - на КП.бр.13709 КО Кавадарци 2, од страна на Советот на Општина Кавадарци со архивски бр. 08-1691/41 од 15.03.2023 година. Управувањето на ЈП “ЈАСМИН” Кавадарци е засновано на законска регулатива и Статутот на ЈП “ЈАСМИН” Кавадарци. Претпријатието е застапувано и претставувано од Директор, а е управувано од Управен одбор составен од пет члена именувани од Советот на Општина Кавадарци, додека контролата врэ материјално — финансиското работење е од страна на Надзорен одбор составен од четири члена именувани од страна на Советот на Општина Кавадарци. Приходите претпријатието ги остварува од: - Издавање на термини на клубовите; - Закуп на деловен простор и - Издавање под закуп на рекламен простор во внатрешноста на спортска сала Јасмин и спортска сала Партизан. - Продажба на билети за Градски базен - Ноќевање Мисијата јасно се отсликува во заложбите за остварување на професионалните императиви - воведување на нови форми и содржини на активности, развивање и изработка на нови иницијативи и проекти за поефикасно и одржливо искористување на сите постоечки капацитети и потенцијали со кои располагаме за да го подобриме спортско-рекреативниот живот на граѓаните и овозможување подобри услови во спортските објекти за спорт во Оштина Кавадарци.